Сопственичката на најголемата куќа во САД себеси се нарекува кралица: Сакам да биде уште поголема, нема да штедам

Фото: Фејсбук

Паб, ноќен клуб, сала за танц, сала за вечера со капацитет за 150 луѓе, 14 спални соби, девет кујни, 30 бањи, 30 милиони долари потрошени на антиквитети… тоа е само дел од величествениот имот на семејството Сигел.

Џеки Сигел (56), или како што таа сака да ја нарекуваат „Кралицата на Версај“ во рок од една година конечно треба да се всели во мега куќата што ја градеше во последните 20 години со нејзиниот сопруг, мултимилионерот Дејвид Сигел (88).

Фото: Фејсбук

Парот започнал да гради мега имот на Флорида во 2004 година, но економската криза од 2008 година и смртните случаи во семејството го забавија целиот процес, но сепак не го спречија целосно. Џеки за своите планови за иднината зборуваше со новинарите на британскиот „Сан“

Фото: Фејсбук

„Се надевам дека ќе се вселиме во мај 2023 година“ изјави Џеки, чиј нов дом ќе има околу 8.500 квадратни метри површина.

„Планирам да живеам таму со сопругот и нашите седум деца. Секако, имаме и домашни миленици, а ќе ни треба и многу персонал“, раскажа Џеки.

Фото: Фејсбук

Колку луѓе планира трајно да вработи на имотот засега не е познато, но бидејки самата куќа ќе има девет кујни, 14 спални соби, 30 бањи, ноќен клуб, британски паб, сала за вечера со капацитет од 150 луѓе, специјална сала за бал …. ќе бидат потребни повеќе од неколку. Но, на Џеки не и е грижа за тоа, а не се грижи ниту за парите. Веднаш штом ќе се вселат во куќата, таа планира да продолжи со работата за проширување на имотот, бидејќи, како што вели, сега многу пријатели би сакале да престојуваат во нејзиниот Версај, а таа сака на сите да им ги исполни желбите.

Фото: Фејсбук

Тие потрошиле околу 30 милиони долари на антиквитети за украсување на куќата, а за целата градба… Џеки не сакаше да открие. Но, кружат гласини дека бројката е „дебела“ и изнесува над 100 милиони долари.

Фото: Фејсбук

„Веќе знам дека мојата омилена просторија ќе биде мојот таен плакар. Морам некогаш да побегнам од сите и од мојот бурен живот“, се пожали оваа дама и додаде дека целото семејство е многу возбудено што наскоро ќе биде под ист покрив.

Фото: Фејсбук

„Можно е и да се изгубиме внатре, а потоа да започнеме да се јавуваме на мобилните телефони“, низ насмевка раскажа Џеки Сигел, која во наредните месеци ќе го бара идеалниот персонал за работа на величествениот имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот