„Солзите на Кралството“ треба да го оживеат бизнисот на Нинтендо

Нинтендо / Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Нинтендо се потпира на новата верзија на својата 40-годишна игра „Зелда“ за да го заживее својот бизнис по пријавениот пад на профитот. Компанијата ќе го објави „Солзите на Кралството“, новото издание на легендарната игра, а видео клиповите кои кружат на интернет привлекоа милиони прегледи и ги возбудија обожавателите.

Првото издание беше во 1986 година. Сагата за принцезата Зелда и воинот на елфовите Линк е продадена во 125 милиони примероци ширум светот од нејзиното прво објавување во 1986 година. Но, главниот предизвик оваа година ќе биде подобрување на бизнисот на јапонската компанија и продолжување на животниот век на нејзината конзола Свич, чија продажба е во голем пад по седум години на полиците, пишува Индекс.хр.

„Солзите на Кралството“ годинава ќе донесат најголеми приходи на Нинтендо“, рече Серкан Тото, аналитичар во Кантан Гејмс. Првата Зелда се појави на пазарот само неколку месеци по Супер Марио, но двете игри беа многу различни. Играта стана инстантна сензација и ги помести границите на дизајнот на играта во следните две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот