Кисели краставички/Фото: PickPik

Сокот од кисели краставички има скриена моќ: Што сè може да му направи на телото!

Ферментираната храна станува сè попопуларна во последниве години, а многумина во исхраната сè почесто го вклучуваат и сокот од скиселен зеленчук.

Експертите наведуваат дека ваквите пијалаци можат да бидат природна поддршка за организмот, особено за постарите лица кои се посклони кон опаѓање на имунитетот, проблеми со варењето или недостиг на витамини и минерали.

Според пишувањето на „Хелтлајн“, сокот од кисели краставички има одредени придобивки. Може да помогне со хидратацијата пред и по вежбањето, а некои го користат и за ублажување на дигестивните нарушувања.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека една чаша од 250 милилитри содржи околу 821 милиграм натриум, што е приближно една третина од препорачаниот дневен внес. Прекумерниот внес на овој минерал може да го зголеми крвниот притисок, а кај луѓето кои страдаат од гихт, може да ги влоши симптомите.

Нутриционистите истакнуваат дека сокот од кисели краставици може да има неколку потенцијални придобивки. Освен што помага во хидратацијата и закрепнувањето на мускулите, содржи и антиоксиданти, а некои го поврзуваат со контрола на телесната тежина и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

„Хелтлајн“ наведува дека и покрај неговиот необичен вкус, овој пијалак може да биде корисен за некои.

„Дури и ако не ви се допаѓа вкусот, можеби ќе откриете дека вреди да се пие поради неговите потенцијални здравствени придобивки.“

Диететичарот Метју Блек објаснува дека сокот од кисели краставички понекогаш го користат спортистите за да ги подобрат перформансите и да го забрзаат закрепнувањето. Други го пијат затоа што веруваат дека може да помогне при грчеви во мускулите или дури и да ги ублажи симптомите на мамурлак.

Нутриционистката Ејми Шапиро додава дека киселите краставички и нивниот сок содржат електролити, првенствено натриум, кој помага во регулирањето на рамнотежата на течностите во телото. Сепак, најголемиот проблем со овој пијалaк е неговата висока содржина на натриум. Прекумерното консумирање може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, а на долг рок, срцев удар или мозочен удар.

Иако ферментираниот сок може да придонесе за здрав цревен микробиом и да помогне со грчеви или стабилизација на шеќерот во крвта, експертите предупредуваат дека треба да се консумира умерено.

„Овие производи се богати со натриум и треба да се користат штедливо. Потенцијалните придобивки понекогаш не ги надминуваат ризиците поврзани со прекумерен внес на натриум“, заклучува Блек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот