Софија Лорен, Катрин Денев, Брижит Бардо – Вака денес изгледаат легендите на европската кинематографија!

Фото: Профимедиа

Малку познати актерки успеаа да ја освојат титулата легенда на светската кинематографија. Овие ретки убавици блескаа во филмовите од 50-70-те години и се уште изгледаат гламурозно, убаво и софистицирано, соодветно на нивните години.

Сите тие се наши хероини, музи, пример за убавина и успешност, пример за моќни жени, токму затоа денес одлучивме да им се восхитуваме токму на жените легенди на европската кинематографија, кои и ден денес блескаат на црвениот тепих, облекуваат гламурозни ноќни тоалети и накит и повторно блескаат под светлото на рефлекторите, воодушевувајќи ги обожавателите со безвременската убавина.

Софија Лорен, која оваа година полни 86 години, се уште не може да остане рамнодушна на фустаните од чипка, Брижит Бардо се уште ужива во својата пунџа и своите омилени кадрици, музата на Ив Сен Лорен, Катрин Денев активно глуми во филмовите, а Џејн Биркин, сепак, без Серж Генсбур – позира за фотографите и блеска со својата шармантна насмевка. Тука се уште неколку импресивни дами, погледнете…

Погледнете како тие со својата убавина пленат и денес!

Софија Лорен

Фото: Профимедиа

Катрин Денев

Фото: Профимедиа

Џејн Биркин

Фото: Профимедиа

Брижит Бардо

Фото: Профимедиа

Клаудија Кардинале

Фото: Профимедиа

Џина Лолобриџида

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот