Софија: Иницијативата за референдум не им пречи на властите во Скопје да ги исполнуваат обврските

Бугарско МНР, Фото: Архива

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Којабашев, денеска изјави дека иницијативата за референдум против Договорот со Бугарија во Северна Македонија нема да претставува пречка во исполнувањето на обврските што ги презеде Скопје.

Тој посочува дека иницијативата, предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше одбиена како неуставна од претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

-Од оваа гледна точка, во моментов не сметаме дека ова прашање ќе биде актуелно, бидејќи политичките партии Левица и ВМРО-ДПМНЕ засега само ја оспоруваат оваа одлука во јавниот простор, но од правен аспект, тоа е сосема непоколебливо, изјави Којабашев, според БНР.

Министерството за надворешни работи на Бугарија информираше дека на 12 септември членовите од бугарската страна на Мешовитата историска комисија пред министерствата за образование и наука и за надворешни работи ги презентирале резултатите од работата на Комисијата во областа на образованието.

Како што пренесе БНР, Министерството соопштило дека се започнати подготовките за имплементација на договорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот