Социјални услуги во Азербејџан само за вакцинирани против Ковид-19

Граѓаните на Азербејџан од 16 август ќе можат да ги користат социјалните услуги само доколку поседуваат сертификат за вакцинација против коронавирусот, соопшти денеска Министерството за труд и социјална заштита.

Апликациите на граѓаните и нивното разгледување при приемот во Министерството и неговите структури, како и во центрите за пензиска служба и вработување, ќе се поднесуваат само со приложување сертификат за вакцинација на соодветното лице, се наведува во соопштението. Според новите правила, електронски поднесените апликации, исто така, ќе се разгледуваат само доколку се внесат податоци за постоење на ковид сертификат.

Во Азербејџан, вакцинацијата против коронавирусот започна на 18 јануари, и досега се вакцинирани повеќе од половина граѓани на земјата.

Кон крајот на минатиот месец, властите во Азербејџан одлучија задолжително вакцинирање до 1 октомври на најмалку 80 проценти од сите вработени во државните, здравствените, фармацевтските, научните и образовните институции, комуналните структури, во областа на транспортот и комуникациите, во социјалната сфера, во трговијата и јавното угостителство и во туристичките објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот