Собранието во Косово гласа доверба на новата Влада на Курти

Повод за гласањето доверба е смената на министерот за внатрешни работи и одбивањето на актуелниот владин состав да ја укине таксата на увозот од Србија и БиХ.

Започна вонредната седницата на косовското Собрание на која пратениците треба да гласаат за доверба на Владата на Курти. Барањето да гласање доверба е на иницијатива на Демократскиот сојуз на Косово.

Откако беше утврдено дека на седницата присуствуваат 106 од 120-те пратеници во Собранието, парламентарната спикерка Вјоса Османи го повика шефот на пратеничката група на ЛДК Арбен Гаши да го образложи барањето за смена на Владата, во која учествува и неговата партија.

Гаши нагласи дека повод за барањето на ЛДК е смената на нејзиниот министер за внатрешни работи Агим Велиу од страна на Курти, како и неговото упорно одбивање да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и БиХ, како што тоа го бараат Соединетите Американски Држави.

Тој ги повика пратениците да дадат поддршка за смена на актуелната влада, со цел да се избере нова влада која ќе биде на висина на задачата за справување со бројните предизвици, меѓу кои и соочување со епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот