Со владина мерка ќе се плаќаат дел од долговите на радиодифузерите

Средствата ќе бидат издвоени од Фондот за помош за справување со кризата.

Владата обезбеди помош за радиодифузерите со цел справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Ќе се подмират нивните долгови настанати заради користење на дигитален терестријален мултиплекс, а за таа намена ќе бидат одвоени 31.732.390 денари или 515.974 евра.

Средствата, како што се наведува во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе бидат преземени од Фондот за помош за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

– Владата на Република Северна Македонија, усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која ќе ги опфати сите радиодифузери во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот, велат од МИОА.

Прочитајте и...  Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Средствата ќе се исплаќаат врз основа на извештај за настанати долгови доставен од страна на операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, за надомест на трошоците на радиодифузерите, кои од регулаторното тело добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за дигитализација за 2020 година.

Одлуката, како што се појаснува, е донесена по направените анализи за последиците од влијанието на  КОВИД-19, врз националните, регионалните и локалните телевизии кои изминатиот период се соочиле и се уште се соочуваат со потешкотии во работењето.

Поврзани вести

ВИДЕО: Регистрирани се 846 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам

Слободен печат

ФОТО: Граѓаните од општина Гази Баба им помагаат на лицата од ранливите категории

Илинка Иљоска

ФОТО: Запленет кокаин во Кичево

Слободен печат

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

Слободен печат

Остави Коментар