Почнува судењето за пожарот во „Пулс“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Со раце го кршев ѕидот за да ја најдам ќерка ми, ми ја дадоа мртва во раце, сведочеше уште една мајка чија ќерка загина во „Пулс“

Со раце го кршев ѕидот до влезната врата за да им влезе воздух на девојчињата кои биле заглавени во тоалетот и да влезам и да ја најдам мојата ќерка, сведочеше Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица во кочанската трагедија.

Планирале Надица да не излегува таа вечер зашто претходно била на роденден кај другарка во Штип, но сепак заминала со другарките на концерт.

И ти може требало да седиш тука, детето требало да биде дома – жестока расправа меѓу родителите и обвинетите

Пријателка се јавила на телефонот на нејзиниот сопруг и и кажала дека дискотеката „Пулс“ гори.

Мислев ќе ја качат во одделение, но ја однесоа во мртовечницата – тогаш сфатив дека мојата Драгана ја изгубив засекогаш, сведочеше мајка на загинато дете во Кочани

– Јас веднаш отрчав кај Надица во соба, ја немаше. Претпоставив дека е во диско. Заминавме со сопругот кон диското. Неколку пати и ѕвонев кога видов дека не ми се јавува сфатив дека нешто големо се случува таму. Кога станавме кај хотел Национал имаше полиција. Не ни дозволија со колата да се качиме накај дискотеката. Јас се симнав од колата и таму ги видов обезбедувањето, Мартин и „Бојата“, не знам како се вика. Некој од нив извика: Леле што направивме?. Пак се вратив на влезот на дискотеката и почнав да го кршам ѕидот за да им влезе воздух на децата. Како што кршев ми подадоа едно девојче, исцрнето но беше живо и пак се вратив кај влезот. Второто девојче што ми го подадеа тоа беше мојата ќерка. Мојот сопруг влегол во дискотеката и ја нашол пред самиот влез – раскажуваше мајката.

Прво сведочење на мајка чие дете загина во трагедијата – Андреј изгледаше како да е жив, не можев да прифатам дека е мртов

Мајката трчала и се надевала дека ќе ја најде Надица. Пред дискотеката видела ужас хорор, хаос, девојчиња видов на решетките од тоалетот викаа дајте ни воздух. Пак се вратив на влезот на дискотеката и почнав да го кршам ѕидот за да им влезе воздух на децата. Како што кршев ми подадоа едно девојче, исцрнето но беше живо и пак се вратив кај влезот. Второто девојче што ми го подадеа тоа беше мојата ќерка. Мојот сопруг влегол во дискотеката и ја нашол пред самиот влез – рече мајката.

Таа мислела дека Надица е жива и ја однеле во болница.

Газдата на „Пулс“ чувал телефон во неговата ќелија

– Кога ми ја подаде Надица и клекнав за да ја држам исправено, очињата и беа отворени мислев дека е само онесвестена. Барав помош вода, ми дадоа вода почнав да и ставам по обравчињата, но немаше никаква реакција. Побарав помош од полицајците и еден ми вика не сум јас обучен за тоа. Ја однесовме во кочанската болница, таму дали имаше десет души. Бевме меѓу првите во болницата. Ја зедоа и ја качија на хирургија. Ја внесоа во сала. Пред операционата сала имаше друга просторија, имаше друго девојче кое примаше кислород. Девојчето кое примаше кислород викна и јас отидов таму. Оттаму од едно прозорче ја видов Надица и кога видов дека детето ми лежи само на креветот без никој да дојде да ми,каже дека е почината, ми се сруши целиот свет. Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво. На ништо после тоа не се сеќавам. Тие моменти ми се избришани. Целата бев крвава мислев ќе стане мислев дека е само кошмар, дека тоа не е вистина. На никој не посакувам да си го виде детето мртва. Беше чиста како солза без изгореница уште парфемот и мирисаше на телото – раскажуваше мајката која не можеше да се смири.

Со сведочење на родители на загинатите во „Пулс“ продолжува судењето за кочанската трагедија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот