Судење за пожарот во „Пулс“ / Фото: „Слободен печат“

Со сведочење на родители на загинатите во „Пулс“ продолжува судењето за кочанската трагедија

Со сведочење на родителите на загинати деца во „Пулс“ денеска треба да продолжи судењето за кочанската трагедија во која имаше 63 жртви.

Во судницата во Идризово дојдоа поголем број од родителите да го слушаат сведочењето.

На минатото рочиште судијката Диана Илиевска Груевска најави дека ќе сведочат тројца законски застапници на оштетените во случајот.

На минатото рочиште на предлог на обвинителството сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.

За трагедијата на обвинителна клупа седнаа 35 физички лица и три правни лица.

Никој од обвинетите не призна вина, ниту сопственикот на клубот, ниту неговите блиски што работеле таму, ниту пак поранешните министри, градоначалници и други инспектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот