Со Хабиб во историјата си замина и дагестанската капа

Хабиб Нурмагомедов по победата над Џастин Гејџи на УФЦ 254 приредбата ја одбрани титулата во лесна категорија и дојде до 29 победа во исто толку борби.

„Кралот“ на октагонот, Нурмагомедов: Ова беше мојата последна борба!

Веднаш по победата, Нурмагомедов објави дека заминува во пензија, а со него ќе ги замине и уште една легендарна работа.

Хабиб Нурмагомедов е препознатлив и по уште една работа, дагестанската капа, папаха, која ја носи пред влегувањето во октагонот и по завршувањето на борбата. Токму папахата стана една од најпрепознатливите работи во историјата на УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

Упование на Всевышнего, тяжелый труд и терпение. #Alhamdulillah

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Интересна е приказната како Нурмагомедов почна да ја носи капата која стана негов заштитен знак.

Тој пред седум години на аеродромот во Махачкала додека го чекаше својот лет за САД и дебито во УФЦ против Камал Шалорус, забележа продавница со необични и единствени сувенири. Неговиот менаџер Сем Кардан го советуваше пред американската публика да се појави со нешто невообичаено за нив, но нормално за луѓето во Дагестан.

Пријателите веднаш му препорачаа да се појави со карактеристична работа за нив, папаха, капа од овча волна за која луѓето кои живеат на Кавказ велат дека не смее да се изгуби или да се симне од главата.

Доколку главата е на рамењата на неа мора да има и папаха. Таа не се носи поради студ туку поради чест“, често се слуша за значењето на капата во Дагестан.

Поради тоа Нурмагомедов се одлучи да купи папаха, традиционална дагестанска капа која мажите неретко ја носеа пред за заминат во војна. Тој капата ја купи за 50 долари, и папахата, по седум години стана една од најпрепознатливите работи во УФЦ.
Токму капата го репрезентира воинствениот дух на Хабиб Нурмагомедов и стана неизбежен дел од неговиот имиџ во УФЦ.

– Голема чест е да се претставува и да се покажува нашето традиционално наследство низ светот. Мојата култура, мојата историја. Луѓето знаат кој сум и сакам да знаат од каде доаѓам. Имаме голема историја во Дагестан и сакам тоа да им го покажам на сите – вели Нурмагомедов.

Тој ја носи истата папаха која пред седум години ја купи за 50 долари на аеродромот во Махачкала, и често по борбите им дозволува на луѓето да ја носат капата.
– Нормално дека им дозволувам да ја носат бидејќи постојано ми приоѓаат луѓе и ми кажуваат дека тоа е најпознатата папаха на светот. Секогаш ја носам со мене – вели Хабиб Нурмагомедов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот