16 C
Скопје

„Кралот“ на октагонот, Нурмагомедов: Ова беше мојата последна борба!

Во ММА спектаклот кој долго се чекаше, Хабиб Нурмагомедов лесно го совлада Џастин Гејџи на „УФЦ 254“ настанот и забележа нова голема победа.

Овој меч беше завршен веќе во втората рунда кога рускиот борец со неверојатна техника, „триангл“, го натера својот противник да „заспие“.

На тој начин Дагестанецот ја одбрани титулата во лесна категорија, ја забележа 29 победа и остана непоразен во октагонот.

А веднаш после мечот ја информираше јавноста дека ова му беше последна борба во УФЦ. Ова беше прва борба без неговиот татко кој почина годинава почина од последици на ковид-19.

Прочитајте и...  Кои се најголемите лудаци во фудбалот: Пироман, нацист, провокатор...

Веднаш после триумфот не можеше да ги запре солзите, дури и противникот кој беше поразен му се доближи да му даде поддршка во тие тешки моменти.

– Ова беше мојата прва борба без мојот татко без кој нема шанси да се вратам во октагонот. Ѝ ветив на мојата мајка дека ова ќе биде мојата последна борба – рече Нурмагомедов.

Поврзани вести

Гордоста на Милан и Интер во легенда, Црвена звезда има чест уште еднаш да го почувствува „Сан Сиро“!

Слободен печат

Леонарди ги потврди преговорите: Наскоро одлука за Мбапе и Нејмар!

Слободен печат

ВИДЕО: Каков гест на Меси, а голманот само сакаше да го поздрави идолот!

Слободен печат

Повторно заедно: Еве на кој турнир се пријавија Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Слободен печат

Гасперини: Судијата не ни „дозволи“ да играме против Реал Мадрид!

Слободен печат

Лига Европа: Елмас брка негатива, Адеми и Ристовски поблиску до осминафинале

Слободен печат

Остави Коментар