Со 85 гласа „за“ и 15 „против“: Сенатот на САД ја потврди Џина Рајмондо за секретар за трговија

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Американскиот Сенат со 85 гласа „за“ наспроти 15 „против“ ја потврди гувернерката на Род Ајленд Џина Рајмондо за шефица на американскиот Секретаријат за трговија. Рајмондо, демократка избрана од претседателот Џо Бајден, ќе го надгледува Секретаријатот за трговија и неговите бироа, кои имаат околу 46.000 вработени.

Одделот вклучува Национална администрација за телекомуникации и информации, Попис на САД, Национална управа за океани и атмосфера, Национална метеоролошка служба и Служба за надворешна трговија, која помага во преговарање за трговски договори и ги спроведува законите за трговија и национална безбедност, известува „Гласот на Америка“.

На сослушувањето за потврда на изборот, Рајмондо вети дека ќе ги заштити американските телекомуникациски мрежи од кинески компании. Но, вчера, таа одби да се обврзе дека ќе ја задржи телекомуникациската компанија Хуавеи на американската економска црна листа.

Одделот за трговија под раководство на поранешниот претседател Доналд Трамп ја таргетираше Кина на многу фронтови, додавајќи десетици кинески компании на трговската црна листа, вклучувајќи ги и Хуавеи, најголемиот производител на чипови во земјата СМИЦ, Хиквижн и производителот на беспилотни летала СЗ ЏИ Технолоџи.

Во писмените одговори до пратениците, Рајмондо рече дека „нема причина да верува” дека споменатите кинески компании не треба да бидат на црната листа на трговија.

– Не треба да имаме илузии за целите на Кина, за кои верувам дека се поткопување на долгогодишната технолошка предност на Америка и да се истисне САД како глобален лидер во врвни истражувања и развој и индустријата за иднината, потенцираше Рајмондо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот