Снуп Дог за семејната драма на Бекамови: „Секогаш сум тим Дејвид“
Познатиот американски рапер Снуп Дог јавно проговори за нарушените односи во семејството Бекам и јасно стави до знаење на чија страна стои. Во екот на јавниот конфликт меѓу Бруклин Бекам и неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, раперот истакна дека неговата поддршка е цврсто на страната на поранешниот фудбалер, со кого е близок пријател повеќе од две децении.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Снуп Дог, кој беше и ди-џеј на свадбата на Бруклин Бекам и актерката Никол Пелц, за британски „Мирор“ изјавил дека Дејвид Бекам отсекогаш го ставал семејството на прво место, без разлика на славата и успехот што ги постигнал.
„Дејвид е мој човек. Пријатели сме повеќе од 20 години, ги гледавме децата како ни растат и едно е сигурно – тој е семеен човек. Без оглед на тоа колку е успешен, за него ништо не е поважно од семејството“, рече Снуп.
Раперот додаде дека ниту едно семејство не е совршено и дека недоразбирањата се нормални, особено кога се случуваат под постојаното око на јавноста. Сепак, изрази надеж дека Бекамови со време ќе ги надминат разликите и повторно ќе најдат заеднички јазик.
Јавниот раздор ескалираше откако Бруклин Бекам преку социјалните мрежи објави низа пораки во кои ги обвини родителите дека со години ја контролирале неговата животна приказна и се мешале во неговиот брак со Никола Пелц. Тој тврдеше дека семејната слика што се пласира во јавноста е внимателно креирана и не ја отсликува реалната состојба зад затворени врати.
По овие обвинувања, Дејвид Бекам не одговори директно на изјавите на синот, но во едно од своите последни јавни појавувања зборуваше за опасностите од социјалните мрежи и за начинот на кој се обидувал да ги воспитува своите деца. Тој нагласи дека им дозволува простор да прават грешки, бидејќи токму така учат и созреваат.


