Снегот ги одложи денешните пет натпревари во Првата лига

Преку програмата на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во Македонија/Фото: ffm.mk

Како што информира денеска Фудбалската федерација на Македонија поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава нема да се одиграат преостанатите пет натпревари од Првата лига викендов.

Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложува овие мечевите од 19 коло за следниот викенд, односно на 21 февруари (недела) 2021 година.

Денеска од 14.00 часот требаше да се одржат овие пет натпревари: Борец-Шкупи, Ренова-Беласица, Силекс-Шкендија, Струга Трим Лум-Македонија ЃП и Вардар-Пелистер.

Вчера во првиот меч екипата на Работнички славеше на гостувањето кај Академија Пандев минимално со 0:1.

Моментно на табелата води Шкендија со 39 бодови, шест повеќе од Шкупи и Македонија ЃП, а четвртото место е Струга Трим Лум (28).

МФЛ: Стојкоски му донесе триумф на Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот