Смит: Русија работи на дестабилизација на Западен Балкан

epa11248199 NATO flag

Воената алијанса НАТО е целосно фокусирана на стабилизација на Западен Балкан, уверува амбасадорката на САД во НАТО, Џулијана Смит. Но исто така, таа предупредува дека Русија користела хибридни мерки за дестабилизација на овој регион.

„НАТО има долготрајно присуство во Западен Балкан, сојузниците неодамна беа во посета на Босна каде НАТО има своја мисија, покрај присуството на КФОР во Косово. И навистина уште од 1990-те Алијансата е фокусирана да направи сѐ што може да обезбеди стабилност во регионот“ изјави Смит.

Таа предупреди дека, „за да го дестабилизира регионот Русија се служи со класичен список на инструменти“ од кои на прво место била дезинформацијата.

„Кремљ ја користи дезинформацијата нашироко во регионот за да ги подели општествата одвантре, да ја подели Европа одвнатре и како таа гледа на регионот, да ги подели Соединетите Држави од европските сојузници и нашите пријатели во Западен Балкан“, изјави Смит.

Според неа, во списокот такви инструменти се и кибер нападите, злонамерните кибер напади и принудата. „Но Алијансата работи напорно во обратна насока, да го стабилизира регионот, затоа внимателно ја набљудуваме ситуацијата“, истакна Смит,

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот