„Смета дека парите може подобро да се потрошат“ – Принцот Вилијам не дозволува семејството финансиски да му помага на Хари!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Браќата од британското кралско семејство не се во добри односи…

Веќе подолго време се зборува дека Хари и Вилијам не се во добри односи, а сега се случи уште еден голем удар – наводно војводата од Кембриџ на својот „побегнат брат“ решил да му ги сопре средствата, шокиран од фактот колку всушност неговиот нов животен стил чини.

Како што пренесуваат странските медиуми, тој дури и го наговорил својот татко Чарлс да престане да му помага на Хари и неговото семејство во Америка.

Фото: Профимедиа

„Принцот Вилијам, кој очигледно не е во најдобри односи со принцот Хари и Меган, бил шокиран кога дознал колку нивниот живот го чини нивниот татко. Тој смета дека тие пари може подобро да се потрошат, па така го соочил Чарлс со вртоглавите бројки кои тој ги троши на Хари и неговиот живот надвор од кралството и го постигнал своето“, објасни неименуван извор за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот