СЛУЧАЈ СТАР 34 ГОДИНИ: На повидок разрешница на еден од најмистериозните атентати во светот

Фото: МИА

На прашањето дали истрагата е поблизу до решавање на случаите, главниот обвинител во случајот одговори: „Според мое мислење, да“.

Еден од најмистериозните атентати во светот, убиството на шведскиот премиер Улоф Палме пред 34 години, се уште може да има разрешница. Имено, главниот обвинител во случајот, Кристер Петерсон изјави дека е „убеден дека може да изнесе што се случило и кој е одговорен за тоа”.

– Мојата цел е да го претставам (обвинението во овој случај) во првата половина на 2020 година – истакна Петерсон за шведската телевизија СВТ.

Тој додаде дека е оптимист за тоа прашање.

– Работевме напорно и имаме индиции во кои прилично веруваме  – посочи Петерсон.

На прашањето дали истрагата е поблизу до решавање на случаите, Петерсон одговори: „Според мое мислење, да“.

Петерсон, кој не го именуваше можниот осомничен и не прецизираше кога ќе биде пуштено обвинението, истакна дека во спротивно случајот ќе биде затворен.

Палме беше убиен во Стокхолм на 28 февруари 1986 година, откако се враќаше од кино со неговата сопруга Лизбет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот