Словенија нема да ја пренесува Евровизија — наместо музика, ќе емитува програма посветена на Палестина
Телевизија Словенија донесе одлука наместо изборот за „Песна на Евровизија“, од кој претходно се повлекоа поради учеството на Израел, на гледачите да им понуди посебен тематски програмски сет под наслов „Гласови на Палестина“. Програмата ќе се емитува во периодот меѓу 10 и 20 мај, пренесува „РТВСло“.
Препорачано
Од словенечкиот јавен сервис најавија дека преку филмови, документарци, дебатни емисии и анализи ќе ги осветлат приказните на луѓето и поширокиот контекст на актуелните случувања на Блискиот Исток.
Програма што се поклопува со термините на Евровизија Она што е особено интересно е дека термините за емитување на овие емисии директно се поклопуваат со термините на полуфиналните вечери и големото финале на Евровизија.
„Со овој програмски сет, РТВ Словенија продолжува да ја исполнува својата јавна мисија, да им понуди на гледачите длабинска, веродостојна и повеќеслојна содржина која поттикнува разбирање, дијалог и критичко размислување за актуелните глобални проблеми“, порачаа од словенечката телевизија.

Масовен бојкот на натпреварувањето Да потсетиме, Словенија беше една од земјите кои по минатогодишното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) се откажаа од учество, откако не се гласаше за исфрлање на Израел од натпреварувањето. Покрај Словенија, од овогодинешното учество се откажаа и Шпанија, Ирска, Исланд и Холандија.
Евровизија оваа година ќе се одржи во Виена, со полуфинални вечери на 12 и 14 мај и финале на 16 мај.


