
Слободен печат на тацна им ги даде индициите на МВР и Обвинителството за препродажбата на лекови на Онкологија
Шест месеци по пишувањата на „Слободен печат“ за мрежа на препродавање цитостатици на Клиниката за онкологија во Скопје, за која што главно индиции имаше поради последната кражба на 20 ампули цитостатици од страна на медицинска сестра, како и поради случајот со земање мито на вработен во болничката аптека за кој известувавме претходно.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Обвинителството и полицијата решија да ја тресат Клиниката, откако „Слободен печат“ уште пред шест месеци откри мрежа за препродавање на лекови во Клиниката за онкологија.
Целиот текст е на линкот: Трговија со здравје: Дали крадењето на цитостатици на Онкологија открива мегамрежа за препродавање?
Крим полицијата на МВР и ОЈО ја тресат Клиниката за Онкологија во овој момент. Според информации од терен на „Слободен печат“, има голем број на полициски службеници, а се одземаат компјутери, документација и друго. Претресите следат по скандалите со крадење на скапите лекови кои наместо да им се дадат на пациентите, се крадеа и се препродаваа на црниот пазар, како што впрочем пред половина година извести „Слободен печат“.
Оттогаш објавивме серија на текстови во кои презентирани беа информации кои што ги добивме од извори кои што ни доставуваа материјали од внатре од клиниката, според кои на досиеја на починати пациенти кои починале во 2014 година, во 2022 година уште Клиниката раздолжуваше лекови фиктивно.
Тој текст „Слободен печат“ го објави пред 9 месеци.
Целиот текст е на линкот: Како може Клиниката за онкологија да не затвори досие на починат човек во 2014 година и во него да води друг пациент?
Нашите извори кои што се поранешни високопозиционирани лица на чело на Клиниката велат дека злоупотребите треба да се бараат на начин што обвинителството и полицијата ќе ги земат сите медицински истории на сите пациенти на Клиниката за онкологија. Во нив, прво треба да проверуваат колку од пациентите се водени како живи, иако починале со цел на нивно име да се покриваат лекови кои им биле дадени, а кои се скапа онколошка и биолошка терапија. Исто така, како што брифираат нашите извори, многу е важно во целата постапка на ОЈО и полицијата задолжително да се вклучат судски вештаци кои ја познаваат онкологијата, за да секое досие на секој пациент го прегледуваат поединечно, поради индиции дека пациенти за кои немало потреба во таа фаза од канцерот да добиваат терапија – ја примале, барем на хартија!
Како што објавивме вчера, во текстот со наслов „Лековите на онкологија се плаќаат двапати, еднаш од државниот буџет, еднаш од приватниот џеб на пациентите со канцер“, сите индиции за криминал се наведени во извештајот на државниот ревизор кој што влезе во Онкологија после 10 години.
Целиот текст е на линкот: Лековите за спас на онкологија се плаќаат двапати, еднаш од државниот буџет еднаш од приватниот џеб на болните од канцер
Како што констатираше државниот ревизор, на клиниката со години се функционирало без медицински протоколи кои ќе воспостават правила и со кои ќе се утврдат критериуми кои треба да ги исполнува пациентот за да прима биолошка терапија, ниту пак во оваа насока се носеле одлуки.
Имено, во 2021 година, докторите одлучувале кои пациенти ќе примат биолошка терапија, за што одобрение давал медицинскиот директор, без да се земе предвид дали Клиниката располага со доволно количини лекови за покривање на потребите на сите пациенти на кои им била препишана терапијата.
Долгот на Клиниката за Онкологија е фрапантни 20 милиони евра, што за споредба, е повеќе од целиот проект „Скопје 2014“.
Пред една недела „Слободен печат“ на прес-конференција го праша министерот за здравство Фатмир Меџити зошто министерството не се ангажира и не прави ништо за овие ревизорски наоди, по што тој одговори дека „не е точно дека не прават ништо“ и дека поранешниот директор на Онкологија бил сменет од функцијата.
Како што објавивме пред 2 недели, медицинската сестра која што двапати крадеше ампули од Онкологија, еднаш во 2020 година и еднаш во 2023 година (била вратена на работа наместо да биде отпуштена и не ја изгубила лиценцата првиот пат), замина во Германија.
Вулнерабилноста на пациентите со карцином е профит за дел од вработените на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Лукративноста е потврдена на дело, со фактот што двапати една иста медицинска сестра беше затекната како краде цитостатици. „Таксол“, „Доцетаксел“, „Флуорацил“, „Доксорубицин“, „Епирубицин“, „Ендоксан“, „Зомета“, сите овие хемотерапии и биолошки терапии, после кражбата и спроведениот попис беа во дефицит односно во помали количества на Онкологија, отколку што би требало.
Како што објавивме на крајот на 2022 година, во ноември, Клиниката за онкологија незаконски им ги кратеше ампулите Херцептин на жените што имаат канцер на дојка, за што тие беа принудени спас да бараат кај народниот правобранител поради ненавремени тендери и недоволна количина на лекови.
Целиот текст е на линкот: Клиниката за онкологија незаконски им ги кратеше ампулите Херцептин на жените што имаат канцер на дојка.
Во продолжение „Слободен печат“ пишуваше и за скандалот со погрешна дијагноза за рак на дојка.
Целиот текст е на линкот: Teтовка обвинува: На Онкологија во Скопје добив лажна дијагноза за рак на дојка, па ми ги отсекоа градите
Прочитајте и: