Славната Серена Вилијамс на 45 години се враќа на терените?
Легендарната тенисерка Серена Вилијамс е на чекор до сензационално враќање на тениските терени, пренесува лондонски „Телеграф“. Американката, која има освоено 23 Грен слем титули, нема одиграно официјален меч уште од САД Опен 2022 година.
Препорачано
Според најавите, Серена побарала „вајлд-карта“ за настап на турнирот во Квинс во Лондон, каде што би требало да се појави во конкуренција на двојки.
Нејзина партнерка ќе биде 19-годишната канадска тенисерка Викторија Ембоко, која важи за една од најталентираните млади тенисерки и моментално се наоѓа на деветтото место на светската ранг-листа.
„Серена треба официјално да објави дали ќе игра. Тоа треба да биде нејзин момент. Јас мислам дека е подготвена за враќање, но нека го каже тоа самата. Навистина не сакам да додадам ништо повеќе“, изјави Ембоко во подкастот на Енди Родик.
Дополнителни шпекулации за камбекот предизвика и информацијата дека Серена пред околу шест месеци повторно се пријавила во системот за допинг-контроли. Според правилата, пензионирани тенисери кои сакаат повторно да настапуваат мора да бидат достапни за тестирања најмалку половина година пред враќањето на терените.
Токму затоа се верува дека подготовките за враќањето на наскоро 45-годишната Серена Вилијамс започнале уште тогаш.


