Скопски агол со градоначалникот на Ѓорче Петров

Изработката на корзото оди во две фази, вели во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Идејата да се гради корзо во Ѓорче Петров е ветена во предизборна кампања. Повозрасните граѓани на Ѓорче ќе се сетат дека овде (Ѓорче Петров) имаше второ корзо во Скопје, вели во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

-Се случувале многу љубови, многу приказни. Од корзото е и вистинскиот настан за култната претстава „Чија си“ на Сашко Насев, „Грев или шприцер“, така што тоа модерно Ѓорче кое што живеело во тоа време сакаме да го вратиме на еден урбан начин. Изработката на корзото оди во две фази- вели во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Скопски агол со градоначалникот на Ѓорче Петров

– Имаме земено заем од Светска банка со 0 посто камата на грејс период од три години и дополнително грант од 120.000 евра. Корзото ќе има кафетерии, амфитеатар. Изработени се потпорни скали, украсни ѕидови. Во втората фаза, каде што се завршени 50 проценти од активностите изработени се бетонски жардињери, кроење и кастрење на сувите држава. Останува монтажата на калдрмата, засадување на нови садници, рампа за регулирање на сообраќајот. Се надеваме дека до 20 февруари втората фаза ќе биде завршена, изјави во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“, Александар Наумовски, градоначалник на Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот