Скопје едвај дише, утрово е 13 најзагаден град во светот

Скопје едвај дише. Утрово македонската метропола е 13 најзагаден град во светот, со индекс на загадување од 154, според страницата IQ Air со податоци за градови од целиот свет. На оваа страница денеска има информации и за Струмица, со индекс на загадување од дури 184, Битола 165, како и Велес, Гостивар и Кавадарци.

Викендов времето се стабилизираше, ветерот престана, па загадувањето почна да се натрупува по котлините. Според сајтот на Министерството за животна средина, утрово воздухот е загаден во речиси сите градови каде што има мерни станици, при што предничи загадувањето со најситните честички ПМ2,5.

Во Скопје најзагадено е во Лисиче и во Центар, каде часовните концентрации на ситните честички ПМ10 за време на викендов во ноќните часови надминуваа 250 микрограми на кубен метар воздух. Среднодневните пак, ја надминаа максимално дозволената концентрација од 50 микрограми на кубен метар воздух, па на 14 јануари највисока беше во Центар со вредност од 145 микрограми на кубик, а на 15 јануари во Лисиче, каде изнесуваше 96.

Во градовите од западната зона состојбата е добра, освен во Кичево каде среднодневната вредност надминува 100 микрограми, па во саботата изнесуваше 115 микрохграми на кубик, а вчера 111. Загадено е и во Тетово.

Во источната зона Струмица повторно е со повисоки вредности и со долготракна епизода за загадување. Таму три дена по ред среднодневната вреднист на ПМ10 е над 100 микрограми на кубен метар воздух, на 13 јануари беше 104, на 14 јануари 111, а вчера се искачи до 162 микрограми. Во останатите градови е околу 60 микрограми. Нема информации за Куманово, Кочани и за Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот