Скандал во САД: Минатата година потпиша договор тежок 340 милиони долари, а сега падна на допинг тест

Фернандо Татис јуниор/фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Бејзбол ѕвездата Фернандо Татис јуниор (23) предизвика скандал во САД бидејќи падна на допинг тест поради што заработи неверојатна казна.

Татис јуниор минатата година со Сан Диего падрес потпиша договор на 14 години вреден 340 милиони долари, но падна на допинг тест и е суспендиран на дури 80 натпревари.

На рутинска допинг контрола е утврдено дека Татис јуниор користел „Клостебол“ кој се наоѓа на листата на забранети супстанци, за која Светската антидопинг агенција смета дека може да ги „подобри перформансите на спортистот“.

– Имав габична инфекција и зедов лек во кој се наоѓаше споменатата супстанца. Не го сторив тоа намерно. Требаше да проверам пред го искористам лекот, не го направив тоа и виновен сум. Сакам да и се извинам на целата организација на Сан Диего падрес, на соиграчите, на навивачите. Немам оправдување на направената грешка. Само сакам сите да знаат дека никогаш не би мамел, го сакам овој спорт – изјави Татис јуниор.

Поради суспензијата, Татис јуниорс ќе ги пропушти преостанатите 42 натпревари од регуларниот дел оваа сезона како и 32 натпревари во наредната.

Фернандо Татис јуниор е роден во Доминиканска Република, а во Сан Диего игра од 2019 година. Минатата сезона имаше 42 хоум ран удари и на крајот заврши на третото место во гласањето за избор на МВП во МЛБ бејзбол лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот