Сјај во боја за испукани усни – Направете го сами! (ВИДЕО)

Направите сами сјај за усни со чија помош вашите усни ќе изгледаат неодоливо во било кој период од годината. Освен тоа, овој сјај е совршеното решение доколку имате и проблем со испукани усни.

Потребни состојки:

Кокосово масло
Керамички сад
Мрсни боици што не се отровни
Лажица
Празни садови

Начин на подготовка:

1. Ставете една лажица кокосово масло во керамички сад и оставете го во микробранова печка околу една минута или додека не се стопи целосно. Ако сакате бојата да биде побледа, додадете уште малку масло. Ако сакате сјајот да има појака боја, не ставајте многу масло.

2. Скршете ја мрсната боица на мали парчиња за да може да се стопи побрзо.

3. Додајте ги парчињата боица во врелото масло и мешајте со пластична лажица додека не се стопат целосно. Ако во смесата се уште има парчиња од боицата, вратете го садот во микробранова уште 30 секунди.

4. Ставете ја смесата во чист сад и почекајте 5 минути да се олади.

5. Кога сјајот ќе стане цврст, слободно можете да го нанесете на усните.

Погледнете го и видеото од целиот процес и обидете се да го направите овој сјај за усни уште денес…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот