Сите учесници на Олимпијадата ќе бидат познати во 2021 година

фото: твитер

Сите учесници ќе ги дознаеме официјално на 29 јуни 2021 година, а системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Објавен е ажурираниот рок за квалификацискиот период за учество на Олимпијадата во Токио која поради пандемијата на коронавирусот ќе се одржи наредната година.

Сите учесници ќе ги дознаеме официјално на 29 јуни 2021 година, а системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Како што е веќе познато македонскиот борач Магомедгаџи Нуров прв обезбеди настап на Игрите, а и каратистот Емил Павлов ќе се обиде да го направи истото.

Националните олимписки комитети, на 5 јули следната година, точно 18 дена пред отворањето на Игрите, мора да ги достават конечните списоци на спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата.

Доколку е тоа можно, меѓународниот олимписки комитет воедно препорача сите меѓународни спортски федерации да ги задржат оригиналните системи за квалификации и квалификациските турнири, кои беа откажани заради појава на коронавирусот.

Во моментот се утврдени сопствениците на 57 проценти од лиценците за ЛОИ во Токио. Во нив ќе учествуваат вкупно 11 илјади спортисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот