Ник Рајнер / GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Синот на Роб Рајнер имал историја на насилство: Го уништил домот на своите родители додека бил дрогиран

Ник Рајнер, синот на Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, е уапсен под сомнение за убиството на своите родители. По трагедијата, сега се појави  разговор од поткаст од 2018 година каде тој признава дека еднаш го уништил нивниот дом во бес поттикнат од дрога, објави „Пејџ сикс“.

За време на појавувањето во 2018 година во подкастот „Доупи“, Ник се присетил на инцидент кога станал насилен додека бил „изолиран“ во пансионот на неговите родители, под дејство на метамфетамин.

– Скршив сè во пансионот – рекол тој во тоа време.

– Тоа не е приказна. Целосно се распаѓав од стимуланси – мислам дека беше кокаин и нешто друго – и бев буден со денови. Почнав да удрам работи во пансионот – додал 32-годишниот Ник.

Тој открил дека неговиот насилен испад „започнал со телевизор“, а потоа „се префрлил на ламба“.

– Сè во пансионот беше уништено – се присетил тој.

Кога водителот го прашал дали буквално го удрил телевизорот, тој одговори: „Да. Буквално го удрив телевизорот“.

Иако не можел да се сети дали се исекол на стаклото, тој рекол дека „нема логика“ зад неговиот гнев, освен што бил „лут што неговите родители му рекле „мора да си замине“.“

Гореспоменатиот поткаст повторно стана актуелно откако родителите на Ник беа пронајдени мртви во неделата. Нивните безживотни тела ги пронајде нивната ќерка Роми (28), а грлата наводно им биле пресечени.

Ник беше уапсен во понеделник, 15 декември, под обвинение за убиство. Тој моментално е притворен во Поправниот дом „Кулите близнаци“ во Лос Анџелес, без можност за плаќање кауција.

Ник Рајнер отворено се борел со зависноста од дрога со години, уште од тинејџерските години, а бил познат и по своето насилно однесување.

– Ова не е првпат нивниот син да биде насилен. Знам за друг инцидент од пред неколку години со Ник, но нема да кажам ништо повеќе од тоа. Едноставно никогаш не помислив дека ќе стигне до оваа точка – изјавил ексклузивно за „Пост“ долгогодишен сосед на жртвите.

Соседот додал дека Ник и неговите родители „се бореле со години“ за да оди на рехабилитација, но дека тој „се борел со своите демони најдолго време“.

Во меѓувреме, извори за „Пејџ сикс“ изјавија дека Ник „се мразел себеси затоа што не бил толку талентиран, плоден или сакан“ како неговиот татко Роб и дедото Карл Рајнер.

Роб и Мишел Рајнер го имаат и синот Џејк (34). Познатиот режисер посвоил и ќерка, Трејси Рајнер (61), за време на бракот со неговата прва сопруга, Пени Маршал.

На трагедијата ѝ претходела жестока расправија? Сведоци откриле што се случувало во семејството Рајнер ноќта пред убиството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот