Синот на Том Хенкс обвинет за злоставување: Поранешната девојка го пријави, но тој вели дека таа само сака да му изнуди пари!

Фото: Профимедиа

Синот на Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс (30) за првпат прозборе во јавноста откако неговата поранешна девојка Кијана Паркер побара забрана за приближување поради наводно злоставување во врската.

Имено, Чет на својот Инстаграм профил објави подолга изјава во која ги негира обвинувањата за злоставување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)


Вознемирениот музичар, кој неодамна ја објави својата рап нумера наречена „White Boy“, изјави дека неговата поранешна девојка само се обидува да извлече пари од него.

Минатата недела во јавноста протече видео на кое се гледа како Хенкс и Паркер се караат во нивниот дом во Тексас. На видеото, Хенкс се снимаше себеси како шета низ куќата со исеченица на челото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ???? ????? (@chethanx)

Тој викаше на својата поранешна девојка дека таа се обидела да го нападне со нож, а во позадина Паркер ги негираше обвинувањата.

– Бев предупреден дека наскоро ќе започне приказна за која знаев дека доаѓа со месеци, а тоа беше само еден злобен обид да се изнудат пари од мене и да се убие мојот лик – напиша Чет на Инстаграм.

Неодамна, Хенкс поднесе граѓанска тужба против Паркер, тврдејќи дека украла пари од него „за да плати патни трошоци за неа и нејзиниот пријател“, и дека ја искористила неговата кредитна картичка за да плати закупнина што чини повеќе од 5.000 американски долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ???? ????? (@chethanx)


По скандалот се огласи адвокатот на Хенкс, Марти Сингер:

– Ден откако Чет Хенкс се судри со Кијана Паркер за кражба на пари од неговата сметка, Паркер се појави придружувана од огромен човек кој носеше пиштол и го нападна Чет со нож, поради што тој обилно крвареше. Сè е во видеото кое ја раскажува целата приказна. Нејзините обвинувања за злоставување се целосно лажни, измислени и вистинска фикција – заклучи адвокатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот