Џозеф Баена (22), синот кој Арнолд Шварценегер го доби во тајната врска со помошничката Милдред, на социјалните мрежи откри дека тој и неговиот татко делат една иста работа – љубовта кон кревањето на тегови.
„Совршено време за вежбање и позирање“, напиша момчето покрај фотографијата на која е во поза карактеристична за неговиот татко, а која најдобро ги истакнува мускулите.
Иако Шварценегер долго време ја криеше својата врска со Милдред и фактот дека таа му роди син кој изгледа како негова копија, тој е во одлични односи со неговиот син. Поради аферата со помошничката, на Шварценегер му пропадна бракор со сопругата Марија Шривер, со која има четири деца. Нивниот најмлад син Кристофер е врсник на Џозеф.
„Page Six“ лани пишуваше дека Џозеф немал никакви контакти со своите полусестри Кетрин и Кристина, додека со своите полубраќа Патрик и Кристофер е во контакт.
