Синот на Џон Траволта денес би наполнил 30 години: Актерот сподели трогателна порака
Холивудскиот актер Џон Траволта го изгуби неговиот син Џет, кој почина во 2009 година на 16 годишна возраст.
Малиот Џет доживеа несреќа на одмор на Бахамите. Тој за време на одморот имал напад во бањата, па ја удрил главата во работ од кадата.
Синот на Џон Траволта денес би наполнил 30 години, а по тој повод Џон објави трогателна порака упатена до починатиот син.
„Мој најдраг Џет, ми недостасуваш повеќе отколку што може да се каже со зборови. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Со љубов, твојот татко“, напиша актерот.
View this post on Instagram
Џон Траволта го имаше синот Џет со сопругата Кели Престон, која почина во јули 2020 година од рак на дојка во 57 година.