Синот на Бајден бил во врска со вдовицата на неговиот покоен брат, се лекувал од пороци и има дете со сексуална работничка

Instagram
Instagram

Синот на Џо Бајден, кандидатот за претседател на Америка, има бурно минатото, а околу него, намерно или не, периодов кружат скандали од светски размери.

Истото сценарио како од пред четири години: Трамп ја користи истата тактика со која ја победи Клинтон

Instagram
Instagram

Животот на демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден (77), ја интригира јавноста, а особено животот на неговите деца кои го поддржуваат цело време во политичката кампања.

Аксиос: За обвиненијата на Доналд Трамп против синот на Џо Бајден се расправа само низ социјалните мрежи

Џо имал многу трагични ситуации во својот живот, а она што најмногу му го потресе животот е загубата на неговата прва сопруга Нилија Хантер и едногодишната ќерка Наоми, која беше удрена од камион додека тие беа во автомобилот и нивните синови Бо и Хантер биле тешко повредени.

Но, тоа не е крај на неговите трагедии, бидејќи неговиот син Бо почина во 2015 година од тумор на мозок на 47-годишна возраст.

Три години подоцна, Бајден се ожени со Џил Џејкобс (69), по втор пат, професорка по англиски јазик во училиште и во психијатриска установа во која живеат адолесценти.

Instagram
Instagram

Првпат се венчаа во 1977 година, додека во 1981 година ја добија ќерката Ешли (39), која сега е социјален работник и беше претставена на јавноста кога нејзиниот татко беше потпретседател на Америка за време на претседателскиот мандат на Барак Обама.

Ешли многу добро се согласува за нејзиниот полубрат Хантер Бајден (50), кој често подигнуваше прашина во медиумите со својот приватен живот.

Во брак е со Мелиса Коен, со која пред неколку месеци доби дете, а тоа му е втор брак. Првиот брак му бил со адвокатката Кетлин Бајден со која има два сина и две ќерки, а на едната ќерка ѝ дал име по покојната сестра која починала кога имала само една година.

Хантер ја запрепасти јавноста пред три години кога се појавија информации дека е во врска со жената на неговиот починат брат, Хејли Бајден.

Се борел и со зависност од алкохол и дрога, во 2015 година се нашол среде скандал кога неговото име и мејлот се нашле меѓу клиентите на сајтот за вонбрачни врски „Ashley Madison“.

Петтото дете го добил со Лунден Алексис Робертс (29), а татковството е потврдено со ДНК анализа на судот во Арканзас во 2019 година.

 

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Таа се занимава со активизам и моден дизајн, а еднаш откри дека во раната младост стекнала страст кон активизмот, што не е ни чудно затоа што нејзиниот татко бил цел живот во политиката.

Татко ми беше јавен службеник цел живот, мајка ми е професор во државно училиште, тоа е во мојата ДНК, рече Ешли во 2017 година во едно интервју.

Одлично се согласува со нејзиниот полубрат Хантер Бајден (50), кој често креваше медиумска прашина со неговиот приватен живот.

Тој е една година во брак една година со Мелиса Коен, со која пред неколку месеци добија и дете. Тоа е втор брак за Хантер.

Првпат се ожени со адвокатката Кетлин Бајден (50) со која има син и две ќерки, а едната ќерка ја крсти по неговата покојна сестра, која почина како бебе на само една година.

Тој ја замисли јавноста пред 3 години кога протекоа информации дека е во врска со Хејли Бајден – сопругата на неговиот покоен брат Бо, а тоа го одобри неговиот татко Џо, како и другите членови на семејството.

Се забавуваа од 2016 до 2019 година, сè додека не се ожени со Мелиса Коен. Во меѓувреме, Хантер се бореше и со зависности од алкохол и дрога.

Од 2014 до 2019 година, синот на Џо Бајден работел и во украинската компанија за производство на гас „Буризам холдингс“, за што и беше во центарот на вниманието поради десничарските заговори, кои беа сè поприсутни изминатиов период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот