ФОТО | Трагичната животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут!

Животот на Џо Бајден го одбележаа многу трагедии во минатото, но денес тој е среќен човек кој го пронашол својот мир во бракот со неговата втора сопруга, Џил, која воедно е неговата најголема поддршка.

Како Џо Бајден од најсиромашен сенатор стана претседател на САД

Пред неа, Бајден бил во брак со неговата љубов од средношколските денови Нилиа, со која има три деца, синовите Бо и Хантер и ќерката Наоми.

Џо со сопругат Џил / Instagram

За жал, во еден момент сè тргнало во погрешна насока. Во 1972 година, се случила сообраќајна трагедија во која Нилиа и едногодишната Наоми го загубиле животот, оставајќи го Бајден сам со двете момчиња. Сето тоа се случувало во периодот кога тој бил избран за сенатор на Делевер.

Џо со сопругата Џил / Instagram

Шест недели по изборите, мојот свет се смени засекогаш. Додека бев во Вашингтон и го составував тимот од луѓе што ќе работат за мене, добив телефонски повик. Мојата сопруга и трите деца беа на шопинг за Божик, кога во нив влетала тракторска приколка и ги усмртила сопругата и ќерката. Во тој момент тие не беа сигурни ни дека моите синови ќе преживеат“, изјави Бајден кратко по несреќата.

Затоа ја создадовме таа неверојатна поврзаност и тоа е вистински подарок. Мислам дека немаше да биде така ако не поминавме низ тоа што поминавме… Фокусирајќи се на моите синови, го пронајдов својот спас“, додал тој.

Џо и Џил во младоста / Instagram

Но, сето тоа се сменило три години подоцна, кога неговиот брат го запознал со Џил Џејкобс. Бајден од самиот почеток бил убеден дека, на некој начин, ги споила неговата поранешна сопруга.

Таа ми го врати животот. Ме натера да размислувам за семејството, да сфатам дека сè ќе има смисла“, напишал Бајден во своите мемоари „Promises to Keep“ во 2017 година.

Џо и Џил во младоста / Instagram

Бев во завршната година од моите студии и дотогаш се дружев со момци кои носеа фармерки и маици, а тој дојде по мене облечен во капут и мокасини. Си помислив, „Оваа врска нема шанси да успее“. Тој беше десет години постар од мене. Но, ме одведе да го гледаме филмот „A Man and a Woman“ и едноставно „кликнавме“. Кога ме испрати до дома, се поздрави со мене со рака и ми посака добра ноќ. Отидов во мојата соба, ѝ се јавив на мајка ми во еден часот по полноќ и ѝ реков: – Мајко, конечно запознав џентлмен“, изјавила Џил.

На почетокот и двајцата гледале на врската како на нешто случајно. „Таа само што ја започнуваше својата кариера и на почетокот на нашата врска мислам дека ѝ беше многу полесно тоа што воопшто не размислував за брак. Ние се забавувавме одлично и уживавме во заедничкото друштво и таа сакаше да остане така“, рекол Џо.

Џо со сопругата Џил / Instagram

Како што напишал во своите мемоари, поминало некое време пред да ја запознае својата нова девојка со синовите, кои тогаш имале шест и седум години. Токму момчињата му предложиле да се ожени со Џил и дури тогаш сфатил дека мора да го направи тоа. Но, не било сè така лесно.

Дури пет пат Џо Бајден ја „барал и молел“ својата идна сопруга, сè додека таа конечно не се согласила.

Џо со сопругата Џил / Instagram

Постојано му велев дека сè уште не е време, иако бев вљубена во момчињата и знаев дека на крајот ќе дојде до брак. Но, постоеше стравот дека тие ја изгубија својата мајка и јас не можев да дозволам да ја изгубат и втората. Јас едноставно морав да бидам 100% сигурна“, рекла Џил Бајден на што Џо додал дека потоа ѝ поставил ултиматум: „Последен пат те прашувам. Не ми е гајле кога ќе биде тоа и кога ќе се венчаме, но сакам да ми ветиш. Дури тогаш се согласи“.

Тие се венчале на 17 јуни, 1997 година во Њујрок. На церемонијата присуствувале само најблиското семејство и пријатели, а синовите на Бајден, Бо и Хантер стоеле покрај нив на олтарот.

Новото семејство Бајден / Instagram

Новото семејство станало комплетно во јуни 1981 година, кога се родила нивната ќерка, а браќата за малата сестричка го одбрале името Ешли.

Во неговата политичка кариера, Џил Бајден била неговиот најсилен адут и најголема поддршка. Двајцата работеле заедно кроејќи ја американската политика до 2017 година, а самиот Бајден  неколку пати се кандидираше за претседател на САД.

Првиот пат беше во 1988 година, но тој на крајот се повлече поради обвиненија за плагијат. Потоа во 2008 година, но потоа беше избран да ги води демократите до победата со Обама, и  по неговата победа тој стана потпретседател.

Бо и Хантер со сестричката Ешли / Instagram

Неговите политички ангажмани останаа во сенка кога повторно претрпе тежок животен предизвик. Во 2010 година, неговиот син Бо Бајден преживеал лесен мозочен удар, а три години подоцна му бил дијагностициран тумор на мозокот. И покрај напорите на лекарите и најдобрите третмани, тој ја загубил битката починувајќи на 30 мај 2015 година, на 46 годишна возраст.

Токму смртта на неговиот син беше главната причина зошто Бајден се откажа од трката за претседател во 2016 година и зошто сега, на 77 годишна возраст, реши да го направи тоа за последен пат.

Instagram

Бајден постојано споменува дека неговата најголема љубов и најголема поддршка е неговата сопруга Џил, со која е во брак 43 години.

Таа е најсилната личност што ја познавам, таа е столбот на нашето семејство. Нејзината љубов е силна, а нејзината грижа неизмерна“, вели Џо.

Џо и Џил со ќерката Ешли / Instagram

А која е тајната за успехот на нивниот брак, најдобро ја опиша Џил Бајден: „Тој се обидува да ме извади од моето засолниште, а јас цврсто го држам на земја“.

Џо и Џил со децата / Instagram

Интересно е тоа што ако Бајден победи на изборите оваа година, Џил ќе стане прва дама, таа вели дека ќе продолжи да предава на колеџот каде што работи со години, што ќе ја направи првата дама на Америка што има кариера.

Ако влеземе во Белата куќа, ќе продолжам да предавам. Сакам луѓето конечно да почнат да ги ценат наставниците и да знаат кој е нивниот придонес за светот“, изјавила Џил.

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот