Истото сценарио како од пред четири години: Трамп ја користи истата тактика со која ја победи Клинтон

Profimedia

Главното оружје на Доналд Трамп на овие избори е напаѓање на Џо Бајден преку неговиот син Хантер Бајден. А неговите соработници тоа го прават на сличен начин како пред четири години кога се обидуваа да ја дискредитираат Хилари Клинтон, тогашната ривалка на Трамп.

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

На 28 октомври, 2016 година, единаесет дена пред претседателските избори во Америка, тогашниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми упати писмо во Конгресот со кое ги извести членовите дека на неодамна откриен лаптоп се најдени уште неколку мејлови на демократската кандидатка Хилари Клинтон, кои како тогашна министерка за надворешни работи ги испратила преку приватен сервер.

Прашањето е дали „писмото на Коми“, како што сметаат некои експерти за избори, ја чинеше Хилари Клинтон победата, иако некои анкети спроведени неколку дена пред изборите докажале дека тие дефинитивно не и помогнале.

Во тие моменти, републиканскиот кандидат Доналд Трамп зборувал дека Клинтон е корумпирана, криминалец и дека нејзиното место е во затвор. Кога Коми после неколку дена соопштил дека на лаптопот не било најдено ништо важно, веќе било доцна: Хилари Клинтон изгубила.

Бајден на реклами потрошил најмногу за рекламирање од кој било друг претседателски кандидат во историјата на САД

Со тоа, воопшто не изненадува тоа што од штабот на Трамп настојуваат да направат сличен инцидент како би се наштетило на демократот Џо Бајден, кој, како и Клинтон во 2016 година, моментално води на анкетите. Изборниот штаб на Трамп и неговите соработници постојано известуваат за лаптопот на синот на Џо Бајден, Хантер, кој со некое чудо стигнал во рацете на адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, пишува „Зидојче цајтунг“.

ВИДЕО: Безбедносните агенции со различен став кој го мести Бајден преку неговиот син

Во него наводно се наоѓаат мејлови кои докажуваат дека Хантер Бајден бил вклучен во сомнителни активности со Украина, а дека Џо Бајден, како американски потпретседател, знаел за тоа и дури и му помагал. Освен тоа, од штабот на Трамп го обвинуваат Бајден дека заедно со Хантер правеле сомнителни работи и со Кина. Сепак, немаат цврсти докази за тоа.

Хантер Бајден на митинг на Џо Бајден/ Фото: USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia

Сценариото кое Трамп го следи е исто како пред четири години: Непосредно пред изборите се обидува да го оцрни својот противник што е можно повеќе, во надеж дека гласачите ќе се поколебаат. Изборните околности во 2020 година сепак значително се разликуваат во однос на 2016 година, па прашање е дали истата стратегија и овој пат ќе успее.

Како Трамп и Бајден го поделија Холивуд

Скандалот околу лаптопот на Хантер Бајден засега не привлече големо внимание надвор од конзервативните кругови. Конзервативните медиуми како Фокс њуз и Њујорк пост постојано известуваат, но прашање е дали ќе допрат до најважниот дел од гласачите.

Аксиос: За Хантер Бајден се расправа само низ социјалните мрежи

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот