Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не гледа ништо противзаконски во некогашните деловни врски на Хантер Бајден со Украина и Москва, откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе обвинувања на сметка на синот на својот претседателски ривал Џо Бајден.

Путин за руската државна телевизија рекол дека е можно Хантер Бајден се уште да одржува деловни врски со Украина, но дека не знае за сигурно, и додаде дека тоа не ја засега Русија, туку Американците и Украинците, пренесува АП.

Рускиот претседател потврди дека синот на американскиот претседателски кандидат имал барем една компанија, која колку што знае тој, добро работела, и дека тој не гледа ништо противзаконски во тоа, на основа на информациите со кои располага.

На прашањето поврзано со обвинувањата на Трамп за поврзаноста со поранешниот градоначалник на Москва и наводната уплата која неговата вдовица ја извршила на сметката на Хантер Бајден, рускиот претседател рекол дека тој не знае ништо за тоа.

Путин во интервјуто заземал помалку пријателски став спрема Трамп, кој претходно го фалел заради тврдењето дека сака подобри односи со Москва. Тој тогаш рекол дека Русија ќе соработува со било кој лидер на САД, со напомена дека Бајден заговара „остра антируска реторика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот