Цени во маркети / Фото: Dmitriy Shironosov / Alamy / Profimedia

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари е намалена за 54 денари во однос на април

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари и е намалена за 54  денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари.

За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.338 денари, за транспорт 5.041 денар.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот