Синди Крафорд проговори за здравствениот проблем со кој се бори веќе десет години
Познатата манекенка Синди Крафорд (60) откри дека има блефароптоза, медицинска состојба што предизвикува спуштени очни капаци. Во ново интервју за „Пипл“, иконата на 90-тите отворено зборуваше за тоа како се справува со оваа состојба веќе десет години.
Препорачано
Таа се присети како првпат ги забележала промените.
– Се сеќавам, тоа беше пред околу десет години, откако наполнив 50 години. Кога имав фотосесии рано наутро, ме прашуваа: „Можеш ли да почнеш во 6 часот наутро?“ Јас велев: „Можам да станам кога и да ми треба, но лицето не ми се буди до девет часот. Затоа не планирајте да правите никакви крупни кадри – објаснила Крафорд.
Околу тоа време, вели таа, почнала да забележува дека нејзините „очи едноставно повеќе не се живи“ пред камерите. Поради спуштените очни капаци, шминкерите морале да ја држат и креваат нејзината кожа додека нанесувале шминка.
Крофорд дури пред две години открила дека капки за очи ѝ помагаат за нејзината блефароптоза.
– Мојот дерматолог ми ги спомна капките за очи како нешто што би можело да им помогне на моите очи да изгледаат поотворени и побудни. Па ги пробав – објаснила таа.
Сега ги користи капките секој ден, обично околу 9:30 часот наутро. Вели дека почнуваат да дејствуваат за помалку од пет минути и го активираат мускулот подигач, што ги прави нејзините очи да изгледаат поотворени до осум часа.
– Она што ми се допаѓа кај капките е тоа што не се голема обврска. Не мора да одите под нож – рекла таа.
Блефароптозата е медицински термин за спуштање на горниот очен капак. Може да влијае на едното или на двете очи, а спуштањето може да биде благо или толку силно што делумно ја покрива зеницата и го попречува видот.
Најчесто е предизвикано од слабеење на мускулот што го крева очниот капак (подигач), но причините можат да варираат. Некои луѓе ја имаат од раѓање, додека други ја развиваат со текот на времето, по повреда, операција на очите или поради невролошки и мускулни заболувања. Кај децата, особено е важно рано да се препознае блефароптозата бидејќи може да влијае на развојот на видот и да доведе до слаб вид.
Третманот зависи од причината и сериозноста на состојбата. Во поблаги случаи, може да биде потребно само следење, додека потешката блефароптоза најчесто се третира со операција за зајакнување или скратување на мускулот на очниот капак. Ако спуштениот очен капак е резултат на друга болест, се третира и основната причина.
Порано Синди Крафорд и Ричард Гир беа во брак, а сега се поврзаа и нивните деца


