Фото: илустрација / Мета.мк

Син ја тепал мајка си во Карпош, друг го нападнал сопствениот татко во Ѓорче

Два нови случаи на семејно насилство се забележани вчера во Скопје – во едниот од нив, син ја нападнал мајка си во општината Карпош, додека во другиот бил нападнат 44-годишен човек во Ѓорче Петров, исто така од неговиот син.

„На 04.03.2026 во 06:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.В.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Во вториот случај, младиот насилник го нападнал татка си во дворот на семејната куќа.

„На 03.03.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријави дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.М.(25)“, пишува во полицискиот билтен.

Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот