Симптомите на ковид-19 најчесто се јавуваат по овој редослед!

Истражувањето на Универзитетот во Јужна Калифорнија успеа да утврди дека симптомите на ковид-19 често започнуваат по одреден редослед. Ова откритие може да им помогне на заразените од коронавирус да се изолираат и да започнат со третман на време, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.

Симптомите како што се треска и кашлица се слични кај голем број болести, вклучително и сезонски грип. Бидејќи сè уште се бориме против епидемијата, а сезоната на грип е пред самиот агол, поважно е од кога и да е да знаеме од што всушност страдаме, пренесува Нет.хр.

Редоследот на симптомите е важен

„Ова е особено важно да се знае кога циклусите на болести како што се грипот се преклопуваат, што се случува истовремено со епидемијата ковид-19“, рече д-р Питер Кун (Кун), еден од авторите на студијата и професор по медицина, биомедицински инженеринг, авијација и простор и машинство.

За да го предвидат редоследот на симптомите, истражувачите ги анализирале стапките на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација кај повеќе од 55.000 луѓе со ковид во Кина. Тие исто така разгледале збир на податоци собрани за скоро 1.100 случаи, меѓу декември и јануари, од страна на експертската група за медицински третман од ковид во Кина.

Прочитајте и...  Невообичаен симптом на коронавирусот кој лекарите се уште не можат да го објаснат!

„Редоследот на симптомите е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат побрзо да утврдат дали некој има ковид или некоја друга болест, што им помага на лекарите да донесат подобри одлуки“, рече Џозеф Ларсен, водечки автор на студијата.

Редоследот на симптоми кај ковид-19 е следниот:

– Температура
– Кашлање и болки во мускулите
– Мачнина и повраќање
– Пролив

Поврзани вести

Одложено снимањето на „Џурасик парк“

Слободен печат

Прекрасната Блејк Лајвли во панталони кои одговараат на секоја фигура: Актерката е вистинска модна кралица! (ФОТО)

Слободен Печат

Неколку причини зошто интелегентните луѓе не можат да бидат среќни!

Слободен Печат

Били Ајлиш повторно ја отвори најпопуларната дебата од 2015 година: Која боја се патиките? (ФОТО)

Слободен Печат

Адел ги остави без здив фановите со нејзиниот неверојатно тесен струк: Пејачката се пошегува на своја сметка! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Пронајдете го обликот на чанта, кој најмногу одговара на вашата фигура! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар