Шведски град сака да ја реши епидемијата на осаменост: Жителите ќе мора да направат една работа

Фото: Wikimedia commons / Andreas Harnemo

Град во северна Шведска каде сонцето едвај свети во зима, смисли едноставен начин за поврзување на осамените жители – со тоа што ќе ги замоли сите жители да си кажуваат „здраво“ еден на друг, објави „Гардијан“.

Идејата доаѓа додека планетата се бори со постпандемиската осаменост, до степен што СЗО го опиша ова прашање како „итна здравствена закана“.

„Осаменоста и изолацијата се огромни проблеми во секое време од годината, речиси насекаде во светот во моментов. Тоа доаѓа со времето во кое живееме, начините на живот што ги имаме, каде што не мора да се среќаваме во иста мера како порано. Ова се забрзува во зима кога сме помалку на отворено, помалку друштвени“, изјави  Микаел Дален, професор по благосостојба и среќа во Стокхолм.

Тој нагласува дека Шведска е особено подложна на овој проблем. Изолацијата е исто така многу покултуролошки прифатлива во земјата на ќофтињата. На пример, домашните гости генерално не очекуваат да јадат со своите домаќини.

Во градот Лулеа, каде што властите се обидуваат да ги расположат жителите со топло „здраво“, сонцето почнува да заоѓа во раните попладневни часови и го фрла регионот во голема темнина во поголемиот дел од денот – нешто поврзано со сезонските афективни нарушување.

Фото: Maria Swärd / Alamy / Alamy / Profimedia

Според истражувањата, таму речиси половина од младите на возраст од 16-29 години имале проблеми поврзани со осаменоста.

„Пред ковид беше 50-50: некои луѓе се поздравуваа едни со други. Но, откако се случи пандемијата од ковид, луѓето се исплашија да имаат контакт со странци“, вели 25-годишниот жител Сејед Мохсен Хашеми.

Оваа нова кампања „Sag hej“ (Кажи здраво) има за цел да го промени тоа за добро на жителите. Концептот во Лулеа е едноставен, само понудете им срдечен поздрав на вашите врсници на улица со „хеј“ (hej) – шведскиот термин за „здраво“.

Привлечната фраза се рекламира во автобусите, а училиштата дури организираат работилници за пријателски поздравувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот