Шведска ослабена пред мечот со македонската репрезентација!

Фото: EPA-EFE/ADAM IHSE

Првиот противник на Македонија на 27. Светско првенство, репрезентацијата на Шведска, пристигнува во Египет во значително ослабен состав. Дуелот од првото коло на овие две селекции ќе се игра в четврток од 20.30 часот.

Македонија стана учесник на Светското првенство во последен момент, по откажувањето на Чешка, и доби неочекувана можност да се бори со Швеѓаните, Египќаните и Чилеанците за едно од трите места што водат во вториот круг.

Токму во првото коло ќе се соочиме со најзвучниот противник во групата, но селекторот на „Трите круни“, Глен Солберг, имаше многу проблеми при составувањето на тимот поради повредите, но и одлуките на играчите да го откажат настапот.

Така, познати имиња како Никлас Екберг, Јеспер Нилсен, Андреас Нилсон, Лукас Нилсон, Симон Јепсон, Микаел Аплегрен, Линус Арнесон и Албин Лагергрен нема да играат на СП, додека неизвесен е и Антон Линдског кој се опоравува од коронавирусот.

И ние ќе бидеме ослабени поради неиграњето на Борко Ристовски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, но ни се отвора шанса за првпат да ги совладаме Швеѓаните на официјалните натпревари. Ги одмеривме силите во 2012 година на Европското првенство во Србија, во групната фаза, кога резултатот беше нерешен.

Мукаетов: Благодариме за поканата, Македонија е подготвена за СП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот