Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го одреди списокот од 20 ракометари кои ќе настапат на Светското првенство во Египет. Македонија денеска доби покана за настап и експресно ја прифати откако Чешка поради коронавирус во нивната репрезентација, мораше да го откаже настапот на ракометниот Мундијал.
Репрезентацијата ќе ја предводи капитенот Кире Лазаров но во неа нема да бидат стандардните од настапите на големите натпреварувања во последните неколку години, голманот Борко Ристовски кој не беше дел од последната репрезентативна акција, Дејан Манасков кој пријави повреда, Гоце Георгиевски кој не е физички подготвен за настап.
Но, затоа тука е капитенот Кире Лазаров, како и Стојанче Стоилов, Никола Митревски, Филип Талески….
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски
Леви крила: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски
Десни крила: Мартин Поповски, Ненад Костески
Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ
Средни бекови: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски