Мукаетов: Благодариме за поканата, Македонија е подготвена за СП

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, со писмо до ИХФ го потврди учеството на Светското првенство во Египет. Ракометарите беа прва резерва на листата која ја направи ИХФ поради пандемијата на коронавирусот, и денеска со откажувањето на Чешка, го зазедоа нејзиното место.

„Во името на Македонската ракометна федерација и мое име, сакам да ви се заблагодарам за официјалната покана на нашиот национален тим да настапи на ракометниот спектакл во Египет. Македонската ракометна селекција е подготвена и задоволна што ќе настапи на Светското првенство. Би сакал да се заблагодарам за поддршката на Меѓународната ракометна федерација која ја дава на Македонската ракометна федерација во однос на нашата мисија да потврдија дека ракометот е број 1 во нашата држава“, напиша Мукаетов во писмото до ИХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот