Швајцарија ќе добие специјална покана за учество на Мундијалот во 2025 година
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи да ѝ додели специјална покана на Швајцарија за учество на Светското првенство кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
Економскиот аспект и можноста за продажба на ТВ правата е одлучувачки Швајцарија да добие специјална покана, која беше елиминирана од Словенија во мундјалскиот бараж.
Во трката за специјална покана беа и Србија, Саудиска Арабија, Кина, Црна Гпра, Грузија и Грција.
За Србија апсолутно е нејасно како и врз основа на која првите луѓе на ИХФ донесоа ваква одлука.
Во последниве години, Швајцарија не се квалификуваше на сите големи натпреварувања и никогаш немаше ниту еден забележителен резултат во својата историја. Сепак, очигледно не беше приоритет, бидејќи Швајцарците имаат исклучително силно лоби поради тоа што седиштето на ИХФ се наоѓа во токму во Базел.
Потсетување дека Македонија успеа да обезбеди пласман на следното СП откако во баражот ја елиминираше селекцијата на Фарски Острови.
Македонија на 29 мај ќе ги дознае противниците на Светското првенство