Македонија на 29 мај ќе ги дознае противниците на Светското првенство
По поразот од седум голови разлика во првиот натпревар против Фарски Острови, најдобрата македонска машка сениорска ракометна репрезентација во Скопје ја анулираше негативата и се пласираше на Светското првенство кое ќе се организира од Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.
Препорачано
Како што објави Светската ракометна федерација (ИХФ) жрепката за групите на Мундијалот ќе се одржи на 29 мај.
Според најавите, односно проекциите ракометарите предводени од селекторот Кирил Лазаров треба да се најдат во третиот шешир заедно со Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.
Прв шешир: Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија, Египет.
Втор шешир: Австрија, Норвешка, Португалија, Хрватска, Чешка, Полска, Исланд, Холандија
Трет шешир: Катар, Бразил, Македонија, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија, Алжир
Четврти шешир: Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, САД, вајлд-кард
Ќе бидат извлечени осум групи, првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се пласира во следната фаза, а осум селекции ќе го продолжат натпреварувањето во „Президент купот“ за пласман.


