Што точно значи кога некој ве сонува?

Дали вие сте главниот лик или спореден статиста во сцената на нечија потсвест?

Толкувањето на соништата е тема која често ги фасцинира луѓето, но исклучиво доколку станува збор за нивни лични ставови. Признајте, колку и да ви се интересни вашите соништа, вас воопшто не ве интересира низ какви авантури во сонот прошол некој ваш познаник. Единствениот начин на кој можеби ќе се заинтересирате е доколку таа личност ви каже дека и вие сте се појавиле во неговиот сон.

Што всушност значи кога некој друг ве сонува? Дали сме ние некаква посебна личност во неговиот живот, а не ни знаеме, или сме само статиста во филмот на неговата потсвест?

Сигурно некогаш ви се случило некој колега или пријател да ве видел во неговиот сон. Можеби на момент сте се почувствувале посебни, или сте започнале да ја распрашувате личноста што точно вие сте правеле во неговиот сон. Подоцна веројатно сте се запрашале каква улога имате вие во животот на таа личност и зошто токму вас ве сонувала.

Мораме да ве разочараме

Важно е да напоменеме дека во соновите најважен е контекстот. Многу психолози, но и спиритуалисти сметаат дека соновите имаа посебни значења. Нашата потсвест го креира сонот, а таа го познава нашето битие многу подобро отколку ние сами.

– Соништата се симболични, личноста која се појавува не е навистина таа – вели психологот др. Воката Џорџ за магазинот „Huffington post”.

Таа смета дека доколку сакате да го декодирате сонот морате да се запрашате која емоција, мисла или чувство ве поврзува со личноста која сте ја здогледале во својот сон. Обично личноста која се појавува во сонот е споредна како личност, а важна во смисла што таа ви претставува на вас.

Доколку некој ви каже дека ве сонувал, вие како личност немате многу врска со тоа. Речиси е невозможно да знаете што вие потсвесно симболизирате кај тоа лице и нема потреба да се преоптеретувате со тоа.

Па така доколку некој ви каже дека ве сонувал, немојте да ви биде непријатно и тоа да го сфатите премногу озбилно. Тука не станува збор за вас, туку за личноста која сонува и неговите емоции, без оглед кој бил вклучен во сонот. Луѓето кои се вклучени во сонот, а можат да бидат било кои, се само статисти, најважно е какви емоции предизвикале кај личноста, односно што е тоа што неговата потсвест му кажува за време на сонувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот