Што се случува во Турција? – Турската лира падна на историски најниско ниво

Валутата изминатиот период беше под постојан притисок на растечката инфлација, растот на невработеноста како и бавниот економски раст во земјата.

Турската валута падна на историски најниско ниво, а американскиот долар бележи пораст во однос на лирата до ниво кое не е забележано речиси две години. Ваквиот след на настаните доаѓа откако банкарскиот регулатор во земјата одлучи да го ограничи пристапот на странските инвеститори за трансакции во деноминирани во лири, пренесуваат медиумите.

Валутата изминатиот период беше под постојан притисок на растечката инфлација, растот на невработеноста како и бавниот економски раст во земјата.

Турската централна банка извлече милиони долари од своите девизни резерви за да купи лири и ја поддржа вредноста на валутата во однос на доларот, а во вторникот банкарскиот регулатор најави нови ограничувања за странците кои вршат трансакции во лири со настојување да ги спречи шпекулативните трансакции.

Ваквиот потег имаше негативен ефект, а лирата бележеше пад наредните два дена. Американскиот долар денеска забележа раст и сега изнесува 7,49 лири. Претходното рекорно ниско ниво изнесуваше 7,236 лири за долар во врвот на финансиската криза во август 2018 година.

– По се изгледа дека само време е во прашање кога ќе продолжи оваа разлика да расте, вели Брад Бетчел, глобален шеф на „FX“ во „Jefferies LLC“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот