Што сé добива нашето тело кога консумираме ананас?

Прочитајте кои минерали и витамини ќе му ги обезбедите на организмот благодарение на ова тропско овошје…

Ананасот е одличен извор на диетални влакна, тиамин, витамин Б6, бакар, витамин Ц и манган.

Експертите велат дека, ако сакате да уживате во здравствените предности на ананасот, секогаш е потребно да го консумирате свеж, бидејќи конзервираниот ананас има повеќе шеќер отколку нутритивна вредност.

Досегашните истражувања покажаа дека редовното консумирање на ананас може да го поттикнат здравјето на целокупниот организам и да помогне кај превенцијата на низа болести.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Ананасот содржи 50 проценти од дневната потреба на витамин Ц кој благодарение на одличните антиоксидативни својства го намалува нивото на слободни радикали во организмот и ги штити клетките од оштетување.

Го штити здравјето на коските

Ананасот содржи речиси 75 проценти од препорачаната дневна количина на манган, минерал кој е клучен за развојот на силни коски и сврзно ткиво. Манганот, заедно со останатите минерали, помага при превенцијата на остеопороза.

Ги намалува хроничните воспаленија

Хроничните воспаленија го зголемуваат ризикот од појава на низа болести, вклучувајќи ги и разните видови на рак, болести на кардиоваскуларниот систем, дијабетес тип 2 и артритис. Ананасот ги намалува хроничните воспаленија во телото и така директно го намалува ризикот од појава на сите болести предизвикани од хроничните воспаленија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот