Што прави денеска – Петар Андоновски, писател

Денот ми почнува во 7 часот. Со текот на годините сѐ повеќе ги сакам утрата, па станувањето рано не ми претставува проблем. Утринската тишина ме прави спокоен.

Во 8 часот тргнувам од Куманово за Скопје. Патувам со автобус. И ова е мојот омилен дел од денот. Патот го минувам во читање. Во тој дел од денот сум најкреативен. Понекогаш ми се случува по пат да напишам и цело поглавје од новиот роман.

Со работата почнувам во 9 часот. Тогаш го пијам моето прво утринско кафе. Ја имам таа среќа да го работам она што го сакам, па немам чувство дека сум на работа. Работното време претежно ми минува во разговор за книги со клиентите, во читање и дружење со колеги писатели. Но, сепак, како најубав дел од мојата работа е тоа што секој ден имам можност да се сретнувам со моите читатели. Комуникацијата со читателите ми е важна и сакам да слушнам што им се допаднало, а што не во моите романи.

Со работа завршувам во 16 часот, и продолжувам во театарот во Куманово каде што се подготвува претстава според мојот роман „Лето во кое те нема“. Театарот за мене е ново искуство и затоа воопшто не ми паѓа тешко што од работа продолжувам на проби. Уживам во секој миг поминат на сцена со актерите и со режисерката.

По пробите во театарот најчесто со пријателите одам во кафеана. Во кафеана одмарам од сѐ, а најмногу од самиот себе, го сакам тоа чувство на слобода и неизвесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот