Фото: Freepik

Што да пиете по прејадување за време на празниците? Четири пијалаци што можат да го смират желудникот

Празничниот период носи со себе раскошни гозби и, честопати, неизбежно прејадување. Ако и вие претерувато со храната за Нова година и Божиќ и чувствувате дека облеката ќе ви пукне по шевовите, не грижете се – постојат неколку пијалаци кои можат брзо да ви помогнат и да го смират стомакот.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот е познат како моќен сојузник во борбата против дигестивните проблеми. Бројни студии ја потврдија неговата ефикасност во намалувањето на гадењето, повраќањето, надуеноста и гасовите. Неговите активни соединенија, ѓумбироли и шогаоли, ги релаксираат стомачните мускули и спречуваат грчеви кои предизвикуваат непријатни надуености. Покрај тоа, ѓумбирот го забрзува празнењето на желудникот, помагајќи храната побрзо да се вари и ве враќа во нормала што е можно поскоро.

„Како диететичар кој отсекогаш се борел со проблеми со цревата, чајот од ѓумбир е еден од моите омилени лекови. Секогаш препорачувам смирувачки чај од ѓумбир со лимон и мед за да помогне во ублажување на болките и непријатноста во стомакот“, рекла диететичарката Кристал Ороско.

Чај од анасон

Анасонот содржи анетол, соединение кое ги опушта мускулите во вашите црева. Затоа чајот од семе од анасон може да помогне во ублажување на надуеноста, болките во стомакот и грчевите. Исто така, се покажа дека го поттикнува варењето и празнењето на цревата, помагајќи побрзо да се исфрли вишокот храна од вашиот систем. Исто така, може да им помогне на оние со хронични проблеми со синдром на нервозни црева.

Вода со лимон

Малку сок од лимон во чаша вода или чај може значително да го забрза празнењето на желудникот – една студија покажа дека го забрзува дури 1,5 пати. Сепак, бидете внимателни. Лимонот е кисел, затоа не претерувајте, а ако страдате од горушица, можеби е најдобро да го избегнувате овој пијалак.

Сода бикарбона во вода

Иако можеби не е највкусната опција, растворот од сода бикарбона во вода може да биде брзо решение за намалување на желудочната киселина ако имате горушица или гадење.

„Некои луѓе сметаат дека пиењето вода со лажичка сода бикарбона помага во ублажување на лошото варење. Ова е затоа што содата бикарбона – која е натриум бикарбонат – е база која, кога се користи во одредени количини, може да ја намали pH вредноста на киселиот раствор“, изјавила диететичарката Џенифер Кристман.

Важно е да не се претерува, бидејќи премногу сода бикарбона може да предизвика дијареја и повраќање – четвртина лажичка ќе биде повеќе од доволно. Исто така, не е решение за секојдневна употреба, бидејќи редовната консумација може значително да го зголеми внесот на натриум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот