Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDb

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Saving the King – Серија на „HBO“

Фасцинантната приказна за шпиони, заговори и договори за молчење, раскажана во прво лице од сведоци и експерти, во која целата државна машинерија се стреми да го заштити Хуан Карлос Први од сопствените постапки и да ги скрие неговите скандали.

Жанр: документарна серија/ IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Lou – Филм на „Netflix“

Млада девојка е киднапирана за време на силна бура. Нејзината мајка ги здружува силите со нејзиниот мистериозен сосед за да тргне во потера по киднаперот. Нивното патување ќе ги тестира нивните граници и ќе ги открие мрачните тајни на нивното минато.

Жанр: драма/ IMDB оценка: 6 / Rotten tomatoes рејтинг: 69%

Quiet Freedom – Филм на „HBO“

Додека Ерик е на пат да се пензионира од универзитетот, тој и Џудита се соочуваат со прогресијата на
нејзината болест – мултиплекс склероза и разочарувањето поврзано со тоа.

Жанр: драма/ IMDB оценка: 5.8 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Top Boy – Серија на „Netflix“

Оваа драма ги носи гледачите во населбите во источен Лондон. Постои тензија меѓу нарко бандите кои работат речиси отворено и оние кои се стремат да живеат чесни животи наспроти шансите во областа опфатена со криминал. Таа тензија е истражена преку испреплетените приказни на 20-годишниот дилер на дрога Душан, кој е решен да стане Топ Бој во областа, и добродушната, но ранлива тинејџерка Ра’Нел, која е принудена брзо да порасне.

Жанр: драма/ IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 95%

 

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот